Македонија и покрај дебаклот во Кардиф напредува за една позиција!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонија доживеа невиден дебакл на гостувањето во Велс (7-1) во клучниот натпревар и заврши на третата позиција во квалификациската група за Светското првенство. Овој пораз значеше дека Македонија во баражот оди од четвртиот шешир и ќе добие потежок полуфинален ривал, иако во суштина ништо драстично не се менува (секако мора да се победи еден ривал од првиот).

И покрај катастрофалниот резултат, Македонија ќе напредува на најновата ФИФА ранг листа. Поради падот на Хондурас од две позиции, нашата репрезентација ќе скокне за едно место.

Македонија според новиот ранкинг ќе биде на 64. позиција, што е за една подобро од претходното рангирање.

До крајот на годината можна е и нова промена ако некоја од останатите селекции игра пријателски натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×