Кристијано Роналдо викендов беше гостин во Белата куќа каде што се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп на прием организиран во чест на Мохамед бин Салман. Поканата за Роналдо дошла лично од Трамп, кој јавно му се заблагодари и откри дека неговиот син Барон долго време е негов фан.
Португалецот беше пречекан како почесен гостин, а дополнително внимание привлече подарокот што претходно му го испрати на Трамп, потпишана дрес маица со пораката Playing for Peace. Роналдо порача дека преку спортот сака да испраќа пораки за мир и дека не се вклучува во политички теми.
Настанот уште еднаш ја покажа огромната влијателност на Роналдо, кој и надвор од фудбалот останува светска фигура со силно внимание на глобално ниво.