Реномираниот спортски магазин „Атлетик“ ја објави својата листа од 100 најголеми фудбалски имиња во историјата, а на врвот за најдобар го избра Аргентинецот, Лионел Меси.
На листата нема македонски фудбалери, меѓутоа и од целиот регион единствен што се избори за место е капитенот на Хрватска и играчот на Милан, Лука Модриќ.
Зад Меси, на второто место е неговиот легендарен сонародник Диего Армандо Марадона, а потоа следуваат бразилскиот крал Пеле, холандскиот маестро Кројф и португалската легенда Кристијано Роналдо кој се најде на петтата позиција.
Во елитното друштво од првите десет се вброени уште: Алфредо Ди Стефано, Френц Бекенбауер, Зинедин Зидан, Ференц Пушкаш и Мишел Платини.
Модриќ, кој е единствениот претставник од регионот, е позициониран на 36. место и зад него се имиња како: Хавиер Занети, Кевин Киган, Алан Ширер, Ерик Кантона, Патрик Виера, Раул, Георге Хаџи, Роберто Карлос, Габриел Батистута, Микаел Лаудруп, Алесандро Дел Пиеро, Франческо Тоти, Мохамед Салах, Христо Стоичков, Тони Крос, Луис Фиго и Роберто Баџо.