Нејмар не е „прецртан“ за Светското првенство!

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразилскиот селектор Карло Анчелоти повторно проговори за статусот на Нејмар и стави до знаење дека напаѓачот се уште има реални шанси да се најде на Светското првенство. Иако не е во групата за претстојните натпревари со Сенегал и со Тунис, Италијанецот не го затвора кругот околу 33 годишниот офанзивец.

Од таборот на Бразил пристигна појаснување дека селекторот внимателно ја следи формата на Нејмар, кој се враќа по долга пауза. Анчелоти смета дека времето може да биде сојузник на напаѓачот, особено поради календарот на домашното првенство кое завршува во декември.

На Нејмар му е потребен ритам, тоа е клуч по долгата пауза поради повреда. Останаа шест месеци до објавувањето на конечниот список на играчи за Мундијалот. Има доволно време да се врати во форма, бразилскиот шампионат завршува во декември. Нејмар ќе има доволно време да се одмори и подготви. Најважно е повторно да добие минутажа. Кога ќе продолжи бразилската лига, ќе има можност да ги покаже своите квалитети и физичката подготвеност.

Нејмар има богато досие во дресот на репрезентацијата со 128 настапи и 79 голови. Сепак, поради честите повреди и нестабилната форма, неговиот статус во националниот тим останува неизвесен. Анчелоти со денешните пораки јасно стави до знаење дека ништо не е решено и дека исходот ќе зависи од тоа како напаѓачот ќе го помине следниот период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×