222
Спортинг Лисабон вечерва
гостува кај Бенфика во дербито на 16. рунда натпревари од португалската „Примера“.
Според тоа што можеме да
го забележиме, стратегот од клупата на Спортинг Лисабон, се реши да го вметне и
нашиот македонски репрезентативец, 25 годишниот Стефан Ристовски на листата на
фудбалери за вечерашната пресметка.
Мечот се игра со почеток
од 22,30 часот, да се надеваме дека нашиот Ристовски ќе почне уште од првата
минута на големото дерби во Лисабон.
Одлуката на Жорге Жесус да го вметне и нашиот репрезентативец во составот е топ тема низ португалските медиуми.
Извор: abola.pt