Италија беше далеку од некакво чудо, Норвешка ги разби „Аѕурите“ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Jасно беше дека Италија пред себе има речиси невозможна мисија да ја победи Норвешка со 9-0 за директен пласман на Мундијалот, а тоа се потврди и на теренот каде што Норвеежаните беа подобар противник и со пресврт славеа со 4-1.

Италијанците први дојдоа до водство со голот на Еспосито кој погоди по асистенцијата на Димарко во 11. минута. Норвешка не беше премногу опасна во првиот дел, но тоа се промени во второто полувреме.

Гостите заиграа подобро и до израмнување дојдоа во 63. минута преку Нуса. Тој резултат беше актуелен се до завршницата кога на сцена стапи Ерлинг Халанд кој постигна два гола во две минути во 78. и 80. за 3-1, додека конечните 4-1 ги постави Ларсен во самата завршница.

Со истиот резултат заврши и вториот натпревар во оваа група во кој Израел ја совлада Молдавија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×