Вистински шок доживеа репрезентацијата на Унгарија која загуби 3-2 од Ирска на свој терен во Будимпешта и така остана без шанса за пласман на СП.
На Унгарците им беше доволен и бод за да го обезбедат баражот и имаа резултат што им одговара се до последните секунди.
Водство за домаќините донесе Даниел Лукаш уште во третата минута, Трој Парот израмни по 15 минути игра. Имаа водство и на паузата Унгарците, а за тоа се погрижи Варга.
Предноста за домашната репрезентација беше актуелна се до 80-тата миута кога Парот однвоо стрелаше за потоа да коплетира и хет-трик во 96. минута од средбата.
Со овој триумф, Ирска дојде до второто место со кое оди во баражот за место на Светското првенство, Португалија од оваа група како првопласирана оди директно на Мундијалот.
Troy Parrott hat-trick!
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 16, 2025
Hungary is out! Ireland is in play off now!
World Cup Qualification | 🏆 Hungary 2-3 Irelandpic.twitter.com/grrMqmN7Su