Изборникот на Италија, Џенаро Гатузо, испрати силна порака до ФИФА и побара промена на квалификацискиот систем поради, како што вели, нереалната позиција во која се најдоа „аѕурите“. Италија во недела мора да ја победи Норвешка со 9:0 за да избегне уште едни европски дополнителни квалификации и да се избори за директен пласман на СП 2026.
Италијанците во четврток ја запишаа шестата победа во седум мечеви во групата И по 2:0 против Молдавија, но Норвешка има перфектни седум победи и убедливо подобра гол разлика по триумфот од 3:0 над Италија. Тоа ги остава Гатузо и неговите во речиси безизлезна ситуација пред решавачкиот меч во Милано. Италијанецот јавно порача дека системот мора да се менува.
„Во мое време најдобриот второпласиран одеше директно на Светско првенство, сега правилата се поинакви. За да се сменат правилата мора да им се каже на оние што ги организираат турнирите. Во 1990 и 1994 имаше две африкански селекции, сега има девет. Тоа не е контроверза, но постојат тешкотии и тоа добро го знаеме. Ако погледнеме таму шест од 10 селекции одат директно на Светско првенство а седмата игра бараж со тим од Океанија. Тоа создава жалење и тага. Системот мора да се промени во Европа“, изјави Гатузо.
Тој направи и споредба со Јужна Америка. „Ако погледнеме таму шест од 10 селекции одат директно на Светско првенство а седмата игра бараж со тим од Океанија. Тоа создава жалење и тага. Системот мора да се промени во Европа“ додаде Гатузо.