Португалија сака да го „ослободи“ Роналдо од казната на стартот на СП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската федерација на Португалија ќе бара од ФИФА да не го суспендира Кристијано Роналдо повеќе од 1 натпревар по црвениот картон што го доби против Република Ирска во квалификациите. Роналдо направи навистина неспортски прекршок, го удри противникот со лакт во грб без топка, па постои стравување дека би можел да добие неколку мечеви суспензија, што би значело дека ќе го пропушти почетокот на Светското првенство.

Таквиот развој на настаните би бил многу лош за Роналдо кој го очекува своето 6 Светско првенство, но во португалскиот табор никој не сака да размислува за најцрната опција.

Во меѓувреме, раководството на федерацијата подготви допис со кој ќе се обиде да ја убеди дисциплинската комисија на ФИФА да не биде строга кон големата ѕвезда. Одбраната се темели на 3 точки. Прво, на атмосферата создадена пред натпреварот од селекторот на Ирска, кој тврдеше дека Роналдо влијаел на судењето на претходниот дуел, по што двајцата дури и влегоа во расправија по исклучувањето. Второ, Португалците ќе посочат дека вакви дуели се чести за Роналдо бидејќи противниците постојано го влечат во шеснаесетникот, што може да предизвика реакција како таа во Даблин. И трето, најважно, ова е негов прв црвен картон во репрезентативната кариера, што според федерацијата мора да биде земено предвид при определувањето на казната.

Португалија се надева дека сето ова ќе биде доволно за Роналдо да не пропушти повеќе од 1 натпревар на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×