Албанија оди во бараж, нема Светско за Србија (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Србија остана без пласман на мундијалот во САД откако вечерва загуби со 2-0 на гостувањето кај Англија, Албанија со минимални 0-1 триумфираше кај Андора и обезбеди место во баражот.

На едно коло пред крајот, Србија остана без никакви шанси за пласман на Светското првенство.

Избраниците на Пауновиќ вечерва загубија на „Вембли“ со 2-0, а Албанија со 0-1 славеше кај Андора, па познат е исходот во Групата К.

Сака и Езе на Англија и донесоа победа од 2-0 за седум од седум во квалификациите и првото место.

Албанија со голот на Аслани стигна до три важни бода за второто место и продолжување на мундијалскиот сон преку баражот.

Франција со 4-0 ја совлада Украина и го завери првото место во Групата Д, додека пак Ирска со 2-0 ја изненади Португалија и ја направи драматична Групата Ф.

Италија со 0-2 славеше кај Молдавја, но за директен пласман на мундијалот им е потребно чудо и победа над Норвешка со најмалку девет гола разлика.

ФОТО: X/Fudbalski savez Srbije

Можно е и ова да ти се допаѓа

×