Милан планира да го продолжи договорот со искусниот хрватски фудбалер Лука Модриќ за уште една сезона. Ветеранот летово пристигна на „Сан Сиро“ и со своите настапи остави одличен впечаток кај стручниот штаб и навивачите.
Модриќ има договор до 30 јуни, но во него постои клаузула што овозможува автоматско продолжување за дополнителна година. Како што пренесува „Газета дело Спорт“, управата на Милан веќе размислува да ја активира таа опција, а конечната одлука ќе биде донесена во наредните месеци.
Иако има 40 години, Модриќ досега одигра на сите 11 натпревари во Серија А и беше заменет само двапати, што најдобро ја покажува неговата физичка подготвеност и влијанието што го има во средината на теренот.