360
Лидерот во најсилната
фудбалска конкуренција во нашата земја, тетовска Шкендија објави дека повеќе
нема да смета на тројца фудбалери, меѓу кои се најде и искусниот играч од
средниот ред Стефан Вујчиќ.
31 годишниот Вујчиќ
инаку важеше за мотор на тетовските црвено-црни, неговиот договор истече, а
челниците на клубот се решија да не ја продолжат соработката.
Останатите фудбалери кои
се најдоа на списокот за разделба се босанскиот бек Иван Челиковиќ, како и голманот Илир Авдили.