И Нотингем Форест му бара 100 милиони фунти на Манчестер јунајтед за засилувањето по мерак на Аморим

by bojan
1 минути читање

„Ѓаволите“ имале конкретни обиди за ангажман на Елиот Андерсон, но Нотингем Форест нема намера лесно да се ослободи од фудбалерот и постави цена помеѓу 100 и 120 милиони фунти.

Рубен Аморим сака ангажман на фудбалер од средниот ред кој ќе донесе интензитет во овој дел од тимот, и во последните денови од летниот преоден рок, Манчестер јунајтед имаше обид за ангажман на Карлос Балеба од Брајтон.

Сепак, еден ваков трансфер никогаш не се реализираше откако „галабите“ поставија цена од преку 100 милиони фунти.

На листата со желби има уште неколку имиња, при врвот се наоѓа Елиот Андерсон и веќе се направени конкретни обиди за негов ангажман.

Но и во овој случај, „ѓаволите“ ќе треба да бркнат длабоко во џебот – Нотингем Форест постави цена помеѓу 100-120 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×