Шпанците најавуваат: Ова се можните три сценарија за Левандовски

by Стефан
1 минути читање

Одличниот полски напаѓач Роберт Левандовски влегува во завршната фаза од својата голема кариера, а договорот со Барселона му истекува во јуни 2026 година, но и понаатаму неговата најголема желба е јасна, да остане во Каталонија. Полјакот и неговото семејство целосно се вклопиле во животот во Барселона и се чувствуваат како дома, па затоа дури ни астрономските понуди од Саудиска Арабија не го привлекуваат.

Како што пишува каталонскиот „Спорт“, приоритетот на Левандовски е да остане во Барселона. Сепак, во клупските канцеларии сè уште нема конечна одлука. Од една страна, клубот има играч кој и покрај годините продолжува да игра на највисоко ниво и сезонава започна само на пет натпревари од првата минута во кои има седум голови и е најдобар стрелец на тимот.

Од друга страна, управата внимателно размислува за финансиското оптоварување што го носи неговиот договор. Потенцијалното заминување на Левандовски би ослободило голем дел од буџетот за плати, што би овозможило доведување млад напаѓач.

Како што истакнуваат медиумите блиски до клубот, Левандовски не бара посебен третман ниту привилегии. Напротив, смета дека може да придонесе уште една сезона, но во поинаква улога со помалку минути, со променета хиерархија и со подготвеност да прифати статус на замена, ако пристигне нов напаѓач.

Од Барселона порачале дека има време и засега за Левандовски се наведуваат три можни опции: Кратко продолжување на договорот со прилагодена улога со доведување на нов напаѓал, заминување во јуни во друг клуб или крај на кариерата, ако се појави прилика кој ќе одговара на неговиот живот и неговото семејство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×