Фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров минува низ турбулентен период, бидејќи се случи смена во сопствеништвото.
Потоа следуваа и промени во управата, како и на клупата па од клубот заминаа Александар Бајевски, како и тренерот Бобан Грнчаров. Иако веќе најавивме дека во клубот има проблеми, следуваше демант од страна на новата управа.
Сепак, проблемите ги потврдува стартниот тим на „лавовите“ за мечот против Шкендија се најдоа дури девет младинци и само двајца странски играчи и ниту еден друг од сениорите.
Стартниот тим на Македонија Ѓорче Петров:
Дарко Јовчев (младинец), Хозе Кабаркас, Филип Стефанов (младинец), Трајче Талевски (младинец), Марко Блажевски (младинец), Хозе Еступињан, Фидан Шерифи (младинец), Аљман Етеми (младинец), Мартин Џангаровски (младинец),