Бенфика си даде неверојатен автогол, вакво нешто ретко се гледа! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Бенфика синоќа киксна во португалското првенство, одигра 2-2 против Каса Пиа, не победи иако имаше предност од два гола разлика, а едниот примен погодок е приказна за себе.

Тимот на Мурињо водеше со 2-0, и се чинеше дека нема да има никаков проблем за да дојде до трите бода. Сепак загуби два.

Во 65. минута Каса Пиа доби пенал, фудбалерот кој шутираше, Касиано промаши, голманот му одбрани, но топката дојде до дефанзивецот Араужо, кој си ја заби во сопствената мрежа како тоа да е противничкиот гол.

Вториот гол Бенфика го прими во судиското продолжение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×