131
Челси со убедливи 3-0 го совлада Вулверхемптон, гостите се држеа едно полувреме, во вториот дел попуштија.
Отпорот на волците траеше до 51. минута кога Густо го отвори резултатот и му донесе водство на Челси од 1-0.
Во 65. минута Жоао Педро зголеми на 2-0, а осум минути подоцна Нето даде гол за конечни 3-0.
Челси во моментов е на втората позиција, но таму ќе биде до утре кога Манчестер Сити и Ливерпул имаат меѓусебен дуел.