Селекторот на фудбалската репрезентација на Велс, Крег Белами, го соопшти списокот од 26 играчи за последните два натпревара од квалификациите за Светското првенство 2026, на кои неговиот тим ќе се соочи со Лихтенштајн во гости и со Македонија на домашен терен.
Белами повторно се соочува со сериозни проблеми во составот. Капитенот Арон Ремзи останува надвор од комбинација поради повреда, па така нема да настапи против Македонија. Дополнително, голманот Дени Ворд и десниот бек Конор Робертс исто така се повредени и ќе го пропуштат ноемврискиот циклус, додека искусниот Џо Ален летово се пензионираше и веќе не е дел од националниот тим.
Натпреварот помеѓу Велс и Македонија во Кардиф е закажан за 18 ноември, додека три дена претходно островската репрезентација ќе се соочи со Лихтенштјан.
