И натаму трае сагата
околу тоа дали Адис Јаховиќ ќе потпише нов договор со Гезтепе, ако се земе во
предвид дека актуелниот важечки му истекува идното лето, или пак ќе продолжи во
некој друг клуб, а како заинтересирани ги има многу во редот.
Подолг период медиумите
во Турција шпекулираа околу заработувачката на нашиот фудбалер во тимот од Измир,
а како цифра на годишно ниво постојано се споменуваше сума од 400 илјади евра,
нашите информации велеа дека таа е многу поголема од често споменуваната во
тамошните медиуми.
Како и да е, денес „Sporx“ известува дека Гезтепе дефинитивно има финална понуда до Македонецот, токму
онаа која се најавуваше претходно, а со ова можеби и се потврди, истата
изнесува 750 илјади евра плата на годишно ниво.
Јаховиќ со 14 погодоци е на делба на првото место на листата на стрелците во турската Суперлига, заедно со Бафетимби Гомис од Галатасарај, како и Бурак Јилмаз од Трабзон.
Извор: sporx.com