Шпанците најавуваат „бомби“, Реал ќе тргне по најдобриот напаѓач на светот?

by 24 фудбал
1 минути читање

Сагата околу можниот трансфер на Ерлинг Халанд во Реал Мадрид доби ново поглавје, откако поранешен новинар на клупската телевизија откри дека Флорентино Перез веќе подготвува план за доведување на норвешката ѕвезда. Информацијата што привлече големо внимание во Шпанија ја објави Давид Санчез-Кањете, новинар кој со години работел на „Realmadrid TV“, а на социјалните мрежи го поврза потенцијалното пристигнување на Халанд со статусот на тренерот Чаби Алонсо.

Според шпанските медиуми, планот би можел да вклучува и голем излезен трансфер. Наводно, продажбата на Винисиус Жуниор би можела да ја финансира операцијата за доведување на Халанд, што би било еден од најголемите трансфери во историјата на клубот.

Халанд има важечки договор со Манчестер Сити до јуни 2034 година, а неговата пазарна вредност според „Трансфермаркт“ се проценува на 180 милиони евра. Норвежанецот ја започна својата кариера во клубовите Брајне и Молде, а како 19-годишник премина во Салцбург, каде започна неговиот блескав подем кон врвот на европскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×