Роналдо ги фалеше легендите Модриќ, Леброн, Ѓоковиќ

by 24 фудбал
1 минути читање

Кристијано Роналдо повторно покажа колку го цени трудот, дисциплината и посветеноста, овојпат во разговор со Пирс Морган каде зборуваше за спортските легенди кои го инспирираат. Португалецот откри дека се восхитува на атлети кои, и покрај годините, остануваат на највисоко ниво, а меѓу нив посебно место има Новак Ѓоковиќ.

Постојат добри примери и во други спортови. На пример, Леброн Џејмс сè уште игра и во одлична е форма. Исто така и Лука Модриќ, изгледа фантастично“, изјави Роналдо, додавајќи дека токму вакви спортисти му даваат мотивација да продолжи да се докажува и во поодминати години.

Посебно се осврна на најдобриот српски тенисер, потенцирајќи дека му значат неговите зборови и поддршка.

Ѓоковиќ е одличен пример за големина во спортот. Убаво е кога луѓе од други спортови зборуваат убаво за тебе тоа многу значи. Ми е драго поради неговите зборови“, рече Роналдо.

Двајцата асови повеќепати меѓусебно изразиле почит, а нивниот однос станува пример за професионализам и трајна мотивација на врвното ниво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×