Кочаман проговори за ситуацијата со Елмас и индиректно ги посочи плановите на Фенербахче

by
1 минути читање

Долго се шпекулира низ
турските медиуми дека Фенербахче сериозно размислува да го испрати нашиот 18
годишен Елиф Елмас на позајмица до крајот на тековната сезона.

И покрај тоа што
заминувањето на Робин Ван Перси од тимот ќе остави простор за еден странски
фудбалер на списокот на Фенербахче, се поизвесно е дека тешко да тоа место му
биде доделено токму на Елмас, за тоа следи и потврда токму од Ајкут Кочаман,
шефот на стручниот штаб на тимот од Истанбул.

Во моментов ние имаме
15 странски фудбалери со Елиф Елмас, а можеме да имаме само 14. Доколку
погледнеме реално, тешко е да се реализира трансфер на странски фудбалер, домашен е
возможно, но во однос на странците, ние мораме да имаме 14 на листата
“ истакна Кочаман.

Како што е од поодамна
познато, Генчербирлиги, клубот кому му претстои тешка битка за опстанок во
Суперлигата на Турција се споменува како опција каде Елмас ќе ја одигра втората
половина од тамошниот шампионат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани