Екипата на Шкендија денеска го игра својот трет натпревар од лигашкиот во Конференциската лига и втор сезонава на домашен терен, а противник е полска Јагјелонија.
Во натпреварот тетовскиот клуб влегува по првата победа во минатото коло протв Шелбурн до која стигнаа со автогол на Ирците во последните моменти, меѓутоа полскот состав е поголем предизвик и во дуелот со македонскиот претставник влегуваат како фаворити.
Во првите две кола Јагјелонија има реми со Стразбур и победа против Хамрун. Дека играат против поквалитетна екипа свесен е и тренерот Јетон Беќири, кој сепак истакна дека се надеваат на нов позитивен резултат.
„Ја анализиравме Јагјелонија која е квалитетна екипа. Очекувам поразличен меч од тој со Шелбурн, верувам дека Јагелонија е поквалитетна во однос на нив. Полскиот тим е агресивен во средината на теренот и нападот, па мора да бидеме внимателни. Ние се надеваме на добра игра и нова европска радост“, вели Беќири.
Натпреварот на Арената „Тодор Проески“ се игра во терминот од 21:00 часот и во него гостите според најавите ќе имаат поддршка од околу 250-300 навивачи.