Фудбалерите на Вардар и третпат во низа го победија Пелистер „вечното дерби“ откако во Битола се радуваа на триумф од 2-1.
Првото полувреме од натпреварот донесе голема борба и по некоја прилика на двете страни, меѓутоа резултатот не се промени. Од Вардар во финишот од првиот дел реагираа и кај главниот судија барајќи пенал, сепак немаше реакција ниту од арбитрот на теренот, ниту од ВАР собата. (ТУКА)
Вардар прв стигна до водство и тоа со еден убав гол на Мато кој погоди со удар од далечина во 54. минута. Пелистер брзо се врати и во 60-тата минута со голот на поранешниот фудбалер на Вардар, Петар Петковски дојде до израмнување.
Одлучувачкиот момент се случи во 83. минута кога Вардар доби пенал, а го реализираше Закариќ.
Со овој триумф Вардар се враќа на врвот каде што има 30 бода, два повеќе од Струга и шест од Шкендјаа, но тетовци се и со напревар помалку.