169
Полската Јагелонија утре во Скопјее ќе игра против Шкендија во натпревар од Конференциската лига на УЕФА, а полскиот тим ќе има и поддршка од трибините.
Од тетовскиот клуб соопштија дека за овој меч најавено е присуство на околу 250 гостинси фанови кои на денот на натпреварот треба да пристигнат заедно со тимот.
Полската амбасада во Македонија преку официјално соопштение им препорача на навивачите да бидат внимателни, да се движат во групи и да избегнуваат раздвојување низ градот, поради можни инциденти со други навивачки групи.
Натпреварот се игра утре во терминот од 21:00 часот. Шкендија во натпреварот влегува со пораз од Рајо Ваљекано и победа со Шелбурн во минатото коло.