Четвртолигашот Куриловец приреди вистинска сензација во осминафиналето од Купот на Хрватска, елиминирајќи го прволигашот Истра со 2:1 на свој терен во Велика Горица и со тоа испиша историја во ова натпреварување.
Во прашање е тим кој моментално се наоѓа на шесто место во својата лига и заостанува девет бодови зад лидерот Интер, што го прави подвигот уште поголем. Интересно е што Куриловец стана само втор четвртолигаш кој успеал да се пласира меѓу најдобрите осум екипи во Купот, првпат по цела деценија.
По неочекуваниот пораз, меѓу навивачите на Истра завладеа големо незадоволство. На официјалните профили на клубот се појавија остри критики за слабиот пристап, несериозната игра и спорните одлуки на стручниот штаб. Дел од фановите отворено побараа промени во составот и во тренерскиот кадар.