Двајца Македонци на листата на најскапо продадените странци од хрватскиот шампионат (ФОТО)

by
2 минути читање

Хрватското издание на специјализираниот фудбалски портал „Гол“ направи листа на најскапо продадените странци од хрватскиот фудбалски шампионат, меѓу нив се најдоа и двајца наши репрезентативци.

Станува збор за 25
годишниот офанзивец Александар Трајковски, како и неговиот врсник Стефан
Ристовски.

Трајковски кратко се
задржа во Интер Запрешиќ, веднаш покажа огромен потенцијал за големи дострели,
па го напушти хрватскиот тим во сезоната 2011/12, преминувајќи во белгиски
Зулте Варегем за сума од 1,1 милион евра.

По авантурата во Белгија
пред две сезони ги засили редовите на Палермо.

Ристовски изминатиот
летен преоден рок направи сензационален трансфер во португалскиот гигант
Спортинг од Лисабон кој за услугите на Македонецот најпрво издвои 1,10 милиони евра за позајмица, а кратко потоа доплати уште 1,15 милиони евра за во целост да го откупи договорот..

На листата секако ги
нема трансферите на Несторовски од Интер Запрешиќ во Палермо за сума од
половина милион евра, како и оној трансфер на Музафер Ејупи во самиот хрватски
шампионат од Славен Белупо во Осијек за 300.000 евра.

 

Извор: goal.com/hr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани