Дваанаесеттото коло на ПМФЛ се игра распоредено низ неделата, а среќата посака среда да биде ден резервиран за „вечното“ дерби меѓу Пелистер и Вардар. Битолчани го закажаа дуелот во 17:00 часот за колку-толку да се ублажи „ударот“ на работниот ден. Тоа значи дека дербито пак ќе биде под рефлектори и се најавува вистински спектакл.
Најава за присуство на натпреварот освен домашните „Чкембари“ има и од страна на „Комитите“ кои најавија масовност. Сè e подготвено за спектаклот, а во натпреварот како ретко кога Вардар влегува како фудбалски фаворит. Екипата која најавува борба за титула и има 27 бода, единствена непоразена во ПМФЛ оди на мегдан кај ривалот кој се мачи.
Пелистерци, пак, од друга страна имаат доста проблеми кои ниту тренерската смена и доаѓањето на Милан Стојановси не беа неутрализирани веднаш. Со само осум бода и долго време без победа, од крајот на август „зелено-белите“ не влегуваат во сјаен моментум во дербито.
Сите очи ќе бидат вперени кон Битола, ама претходно во 13:30 часот Брера во Струмица ќе го дочека Силекс. Кратовчани играат променливо, па дури делува дека ривалот е во нешто подобра форма. Сепак, квалитетот е на страната на Силекс и се очекува да одигра подобро и да победи.