Двајца приправници добија отказ од „Скај Спорт Италија“ поради славење на гол на Интер. Италијанската јавност не престанува да зборува за инцидентот каде двајца приправници беа отпуштени откако во живо ја прославија победата на Интер против Верона.
gol dell’Inter, e a #SkySport 24 in redazione qualcuno non contiene l’esultanza 👀#VeronaInterpic.twitter.com/0h4FtuV0aW
— Andrea 🐺 (@andrewalbo) November 2, 2025
Директорот на каналот, Федерико Фери, веднаш реагирал и им наредил да ги спакуваат работите и да го напуштат студиото, што го потврди и новинарот Франческо Ордине на платформата X.
Подоцна, порталот „Lettera43“ го објави и писмото што Фери им го испратил на сите вработени:
„Драги колеги, денес нашата редакција беше дел од сцена недостојна за нашата професија и угледот што треба да го одржува „Скај Спорт“. Не е прифатливо да се слави гол на било кој тим, во било кој натпревар, ниту пак да се реагира како на стадион или во бар. Особено е неприфатливо кога ваква сцена се емитува во живо. Мора да се однесуваме како новинари, а не како навивачи.“
Инцидентот предизвика бројни реакции во јавноста, а снимката од моментот веќе стана вирална на социјалните мрежи.