Толку беше: Фиорентина го избрка Пиоли по ужасниот почеток на сезоната!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли сосема очекувано доби отказ од Фиорентина која со него има ужасен почеток на сезоната.

По 10 кола тимот од Фиренца се наоѓа на последното место без победа и со само четири бода, еден помалку од Верона и два од Џеноваа.

На клупата на Форентина Пиоли пристигна во јули пред почетокот на сезоната откако претходно ја заврши соработката со Ал Наср за него тоа беше враќање во клубот бидејќи овој тим го водеше и од 2017 до 2019 година.

Низ кариерата беше тренер уште на: Интер, Лацио, Болоња, Палермо, Киево, Сасуоло, Пијаченца, Гросето, Парма, Модена и Салернитана.

Од Фиорентина потврдија дека тимот во наредните натпревари ќе биде предводен од Даниеле Галопа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×