Алонсо во проблеми, Реал Мадрид ослабен во утрешното дерби со Ливерпул

by Стефан
1 минути читање

Пред дербито меѓу Ливерпул и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, кое е закажано за утре од 21 часот на „Енфилд“, шпанскиот гигант доби лоши вести.

Иако Реал под водство на Чаби Алонсо имаше импресивен почеток на сезоната, тренерот ќе мора да направи измени во составот пред големиот дуел. Младиот Франко Мастантуоно се повреди и ќе ја пропушти средбата, а дополнителните лекарски прегледи ќе откријат колку долго ќе биде надвор од терените.

Проблемите за Алонсо не завршуваат тука, Трент Александер-Арнолд сè уште не е целосно подготвен по повредата и најверојатно ќе го започне натпреварот од клупата.

Па така јасно е дека шпанскиот стратег ќе има проблеми во составувањето на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×