По мечот меѓу Победа и Шкендија Арачиново се случуваше сè и сешто, а најголемиот скандал го предизвика домашен навивач.
Откако играчите на гостинската екипа се повлекоа во соблекувалната, еден навивач на Победа го скрши прозорецот на спортскиот објект, но поголем инцидент бил спречен благодарение на брзата реакција на полициски службеник.
Министерството за внатрешни работи потврди дека лицето е приведено.
„На 01.11.2025 во 15:30 часот на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ф.З.(33) од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир со оштетување и уништување инвентар и други делови од спортскиот објект. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава“, стои во соопштението на МВР.
Против навивачот ќе биде покрената постапка за нарушување на јавниот ред и мир и уништување на инвентар во спортски објект.