Ливерпул по четири порази конечно победи во Премиер! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Ливерпул конечно ѝ стави крај на кризата во Премиер лигата и по повеќе од еден месец се врати на победите, откако на „Енфилд“ славеше против Астон Вила со 2-0 во рамките на десеттото коло.

Со ова беше ставен крај на серијата од четири порази во низа на „црвените“ во англиската елита.

Првиот дел долго време помина без погодоци, а поништувањето на голот на Екитике дополнително ја подигна тензијата на трибините. Сепак, во самиот финиш на полувремето, Мохамед Салах погоди за 1-0 и го прослави својот 250. погодок во дресот на Ливерпул. Во продолжението Гравенберг во 58. минута со убав удар ја потврди победата на домашниот тим. До крајот, Астон Вила не успеа ниту да се врати во натпреварот ниту да создаде посериозна закана.

Ливерпул со оваа победа се искачи на 18 бода, но и понатаму заостанува седум зад водечкиот Арсенал. Астон Вила остана со 15 поени и падна на единаесеттото место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×