Лидс вчера славеше на
гостувањето кај Бартон со 1-2, иако на полувремето делуваше очајно во играта и
имаше минимална негатива.
Нашиот Езгјан Алиоски во
финишот од средбата беше заменет, а со тоа Кристиансен искористи да задржи
време за да се сочува водството, што му успеа на шпанскиот стратег.
Како и да е, голот на
Пабло Ернандез во 61. минута за израмнување на резултатот на 1-1 од слободен
удар на големо се врти низ социјалните мрежи, голот на Шпанецот беше вистинска
мајсторија, но тактиката која ја употреби Лидс во овој случај беше феноменална
и за момент ги збуни домаќините.
Ернандез и Алиоски беа
двајцата фудбалери на Лидс кои беа подготвени да го изведат слободниот удар, на
крајот тоа го стори Ернандез, доста успешно, а погледнете како гостите ги
збунија домаќините, при што дури чуварот на мрежата на Брајтон заработи жолт
картон откако се бунеше дека му било попречено да го наместо живиот ѕид, а
фудбалерите на Лидс беа доста успешни во оваа ситуација…
Инаку, Лидс игра во
фантастична форма, изби на петтото место на табелата со 42 освоени бода, а
нашиот Алиоски игра одлично во тимот од „Еланд Роад“.