Фудбалскиот клуб Шкендија денеска ја започна продажбата на билетите за натпреварот од третото коло против полската Јагелонија, кој ќе биде вториот домашен настап на тетовци во лигашкиот дел од Конференциската лига.
Иако на првиот меч против Шелбурн посетеноста беше разочарувачка, клубот одлучи да не ги менува цените на влезниците, кои остануваат исти како и претходно.
Билетите повторно се движат од 500 до 800 денари, во зависност од блокот, додека ВИП-влезниците чинат 2000 денари. Продажбата се одвива на повеќе локации во Тетово, Гостивар и Скопје.
Во Тетово, билетите може да се набават во:
Дони Тобако – Центар (Блок 2)
Пика Тобако – Центар (Блок 2)
Монако Тобако – кружен тек кај поранешната слаткарница „Такси“ (Јужна трибина и ВИП)
ЕР Тобако – Автобуска станица (Блок 2 и 5)
Пити Тобако – Зелен пазар (Блок 5)
Во Гостивар, продажбата ќе започне од понеделник во објектот „Вестерн Унион Лира“ кај „Барок“ (Блок 5).
Во Скопје, билетите ќе бидат достапни само на денот на натпреварот (6 ноември)
Од клубот истакнуваат дека цените се усогласени со стандардите на УЕФА.
Јужна трибина: 500 денари (блокови 1 и 6), 600 денари (2 и 5), 750 денари (3 и 4)
Северна трибина: 500 денари (блок 13), 700 денари (20, 21 и 23), 800 денари (14),
ВИП-зона (блок 22): 2000 денари
Терминот за натпреварот е 21:00 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.