Шкендија со 2-3 славеше на гостувањето кај Брера на отворањето на 11. коло во ПМФЛ, домаќините можат да жалат што не освоија барем бод.
Шкендија со цел плен се враќа од Струмица, актуелниот шампион на Македонија славеше со 2-3 против Брера.
Резултатот беше отворен во 12. минута, Фитон Адеми донесе 0-1 по една почетничка грешка на домашниот голман Илиоски.
Ване Крстевски заголеми на 0-2 во 27. минута, прецизно пласираше на за гол против поранешниот клуб.
Но Брера не се предаде и по десетина минути игра во второто полувреме Ндезенге намали на 1-2.
Радоста сепак траеше кратко, Красниќи ги врати „црвено-црните“ од Тетово во два гола предност и погоди за 1-3 по еден час игра.
Брера можеше веднаш да се врати, но Ндезенге промаши пенал. Напаѓачот се искупи во 70. минута и донесе 2-3, но домаќините можат да жалат што не освоија бод откако пропуштија две добри прилики во завршницата.
ФОТО: fb/KF Shkendija