Фудбалерите на Баерн Минхен го имаат најдобриот старт на една сезона во европскиот фудбал откако се води статистика, рушејќи рекорд кој повеќе од три децении му припаѓаше на Милан. Никој досега во историјата на фудбалот не успеал да ја започне сезоната во најсилните европски лиги со 14 победи во низа – се додека тоа не им успеа на Баварците оваа година.
Досегашниот рекорд го држеше легендарната генерација на Милан од 1992 година со 13 последователни триумфи на стартот на сезоната.
Баерн синоќа го потврди историскиот подвиг со убедлива победа од 4:1 на гостувањето кај Келн во рамките на Купот на Германија. Со тоа, минхенскиот гигант стигна до својата 14-та победа оваа сезона – осум во Бундеслигата, три во Лигата на шампионите, една во германскиот Суперкуп и две во Купот.
❤️🤍⚡️ Harry Kane’s brace today means 25 G/A reached in all competitions…
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 29, 2025
…and it’s still October. 🏴 pic.twitter.com/kHRby7SoF9
Со оглед на начинот на кој игра екипата на Винсент Компани, серијата може да потрае и во нареедните натпревари. Но, веќе во сабота Баварците го очекува големото дерби против Баер Леверкузен.
Во центарот на вниманието, секако, е неверојатниот Хари Кејн. Англискиот напаѓач продолжува да руши лични и европски рекорди и со двата погодоци против Келн стигна до фантастични 22 голови и три асистенции на стартот од сезоната.