Андреа Белоти, првата
ѕвезда на Торино и натаму не е во онаа посакувана форма по која беше
препознатлив претходните сезони, повредата му остави последици, па многумина
велат дека доаѓањето на Македонецот во Калчолигашот ќе промени многу работи на
добро во тимот.
Оваа вест се врти доста
често низ италијанските медиуми изминатиов период, а претходно се споменуваше и
сума од седум милиони евра која наводно Торино бил подготвен да ја издвои за
нашиот фудбалер кој има договор со Палермо до 2021. година.
Несторовски полека но
сигурно се рехабилитираше од повредата со која се здоби пред извесен период а
за која се најавуваше пауза дури до крајот на зимските подготовки, сепак, се
поизвесно е дека Македонецот ќе биде подготвен за дуелот против Салернитана за
два дена, а прашање е дали тоа ќе биде за него последен меч во дресот на тимот
од Сицилија…
„Несторовски се враќа во
тимот, но дали за него ова ќе биде проштален меч?„ – прашува „ilgazzettinodisicilia.it“.
„Идејата на Торино за
ангажман на Несторовски останува активна и за јануарскиот преоден рок“ – пишува
„tuttomercatoweb.com“.
„Торино го засилува
темпото за Несторовски но Тедино не попушта“ пишува „palermo.gds.it“.