Kризата во екипата на Ливерпул продолжи и во Лига купот откако денеска избраниците на Слот беа елиминирани од Кристал пала кој славеше победа со 3-0.
Не беше Ливерпул на потребното ниво во најголем дел од натпреварот, а победникот беше решен во завршницата од првиот дел кога Палас ги постигна двата гола. Херој беше Сар кој погоди прво во 41. минута, а потоа и четири минути подоцна по асистенцијата од Пино.
Не успеа Ливерпул да се врати и во вториот дел, а како играше актуелниот англиски шампион најдобро покажува податокот дека во вториот дел не упатија ниту еден удар во рамките од голот, конечните 3-0 ги постаави Пино со погодокот во 87. минута.
Со овој пораз Ливерпул во последните седум натпревари во сите натпреварувања има дури шест порази и победа само портив Ајнтрахт.