25 годишниот лев бек
Стефан Ашковски мина низ неколку клубови за да се пронајде себе си, а се чини
дека му успеа во холандскиот второлигаш Фортуна Ситард.
Екипата каде настапува
Македонецот заврши како првопласирана на табелата во првиот дел од сезоната, со
одлична низа на победи зад себе, додека пак Ашковски како дефанзивец има учинок
што дури и на напаѓачите не им успева.
Ашковски со девет
погодоци од 18 натпревари е на
делба на петтото место на листата на стрелците во полусезоната, па со право
можеме да кажеме дека Ангеловски не треба да има дилеми да му укаже прилика во
националниот состав на Македонија каде има само три настапи.
Заедно со напаѓачот Стокерс се први стрелци во екипата, а
статистички нашиот фудбалер на секој втор меч погодува во мрежата од головите
на противниците.
Ашковски во дуел со Карвахал
Актуелниот важечки
договор на нашиот интернационалец со Фортуна Ситард истекува идното лето, нема
најави за тоа дали ќе продолжи соработката помеѓу двете страни, едно е сигурно,
формата на Ашковски ветува дека тој може и многу повеќе од ова.