Колумбискиот офанзивен играч, Хамес Родригез, повторно е на излезна врата на уште еден клуб. Според информациите на ЕСПН, Леон нема да го продолжи договорот кој истекува по завршувањето на сезоната во Апертура. Така Хамес ќе мора да бара нов клуб и тоа ќе биде тринаесетти во неговата богата кариера. Веќе има понуди од Мексико и од странство.
Авантурата во Мексико траеше само една година. Финансиските проблеми во Леон и слабите резултати на тимот што е на седумнаесеттата позиција во табелата се главните причини за ваквата одлука. Родригез пристигна со големи амбиции во јануари оваа година, со желба да игра на Светското клупско првенство. Сепак, тој сон се сруши откако Леон беше дисквалификуван поради прекршување на правилата за сопственост.
Во тековната сезона, 34- годишниот Хамес постигна три погодоци на дванаесет натпревари во лигата, пет во сите натпреварувања (32 настапи). На моменти потсети на своите најдобри денови, но недостигот на континуитет доведе до разделба. Според ЕСПН, сè веќе е договорено и играчот по завршувањето на сезонава ќе замине.