Иднината на Хари Кејн е „запечатена“… од неговата сопруга

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Германија пренесуваат дека сопругата на Хари Кејн ужива во животот во Баварија и не сака да ја промени средината, па ова може да биде одлучувачки фактор за иднината на напаѓачот.

Во последно време често се пишува за враќање на Хари Кејн во Премиерлигата, наводно во неговиот договор има клаузула според која летоска може да направи трансфер за 65 милиони евра.

Исто така се шпекулира дека Хари Кејн е привлечен од идејата да го собори рекордот на Алан Ширер за најдобар стрелец во Премиерлигата (260 погодоци).

Но како што пишува Билд, клучен фактор во целата ситуација може да биде неговата сопруга – Кејт.

Според германскиот весник, таа ужива во Баварија, каде нејзиното семејство има нормален живот и помала изложеност на медиумското внимание.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×