Падна договор: Спалети ќе биде нов тренер на Јувентус!

by 24 фудбал
1 минути читање

Јувентус ќе добие нов тренер бидејќи Лучијано Спалети прифати да ја преземе клупата на „старата дама“ и да го наследи Игор Тудор.

Искусниот Италијанец прифати да влезе во проектот на „старата дама“. Тој ги усвоил условите што клубот му ги понуди. Спалети ќе потпише договор што важи до крајот на сезоната и до јуни 2026 година. Доколку Јувентус се врати во врвот и избори место во топ четири и пласман во Лигата на шампионите ќе постои можност за автоматско продолжување.

Кариерата на Спалети е богата и исполнета со предизвици. Тој седеше на клупите на Наполи, Интер, и Рома каде остави силен белег. Освен во Италија работеше и во Зенит а претходно ги водеше Удинезе, Анкона, Венеција, Сампдорија и Емполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×