151
Македонскиот голман, Столе Димитриевски конечно доби шанса на голот на Валенсија, но тоа се случи затоа што играа меч од Купот на Шпанија, па тренерот направи повеќе замени.
Валенсија со 5-0 славеше на гостувањето кај шпанскиот нисколигаш Марасена, сите голови беа постигнати во второто полувреме.
Димитриевски одлично си ја заврши својата работа, а головите за Валенсија ги дадоа Дуро, Раба, Лопез, Риохан и Данџума.