Недостасувал еден потпис: Еден од најголемите таленти на Арсенал изоставен од „Фудбал Менаџер“

by Стефан
1 минути читање

Младиот талент на Арсенал, 15-годишниот Макс Довман, кој важи за еден од најперспективните фудбалери во академијата на „топчиите“, неочекувано се најде во необична ситуација и нема да биде вклучен во новото издание на популарната видео игра „Фудбал Менаџер“.

Иако ги исполнува сите услови за да биде дел од фудбалската симулација, проблемот настанал поради административна причина, неговите родители не ја потпишале навреме потребната документација.

Фановите кои ја тестираа пробната верзија на играта веднаш забележаа дека Довман недостасува, што предизвика бројни прашања на социјалните мрежи.

Сепак, љубителите на играта нема да треба долго да чекаат бидејќи на 31 декември младиот Англичанец ќе наполни 16 години и автоматски ќе може да биде вклучен во базата, без дополнителни потписи. Според најавите, Довман ќе се појави во официјалното ажурирање на „Фудбал Менаџер“.

Интересно е што сличен случај во минатото имаше и Мартин Одегард, кој во 2015 година речиси беше изоставен од играта поради тоа што неговите родители првично не ја дале потребната согласност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×