Каков пех: Македонија без еден од најдобрите во клучниот меч против Велс!

by 24 фудбал
1 минути читање

Езџан Алиоски има сериозна повреда на левата фибула, фрактура што ќе го оддалечи од терените подолг период.

Бекот на Лугано се повреди на натпреварот против Сервет во швајцарското првенство и мораше да биде заменет уште во 21 минута. Ударот од противнички фудбалер предизвика силна болка, што јасно се забележуваше на неговото лице при напуштањето на теренот. Медицинските прогнози велат дека ваков тип на повреда бара рехабилитација од најмалку осум до дванаесет недели.

Ова се исклучително лоши вести за селекторот Благоја Милевски, со оглед на тоа што во ноември Македонија го очекува решавачки меч во мундијалските квалификации против Велс. Нашата репрезентација се бори за второто место во групата со што би обезбедила повторно учество во плеј офот за пласман на Светското првенство.

Клубот од Швајцарија ја потврди паузата, па јасно е дека Македонија ќе остане без еден од најважните играчи во најкритичниот момент од квалификациите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×