Веднаш по завршувањето на натпреварот помеѓу Вардар и Шкендија се огласи судиската комисија која потврди дека судиите во сите спорни ситуации постапиле исправно.
Судиската комисија анализирала три ситуации, првата во 47-та минута кога во Шкендија бараа пенал, втората кога Вардар доби пенал една минута подоцна и последната од 88. минута кога беше поништен погодокот на Ибраими поради офсајд.
1. Во акцијата на која и претходеше досудениот пенал, немаше прекршок, играта продолжи регуларно:
2. По изведениот корнер, судијата правилно досуди пенал поради игра со рака од страна на фудбалерот на Шкендија, што е во целосмо во согласност со правилата на игра:
3. Во 88. минута, по интервенција на ВАР системот, оправдано беше поништен погодокот на Шкендија поради недозволена, офсајд ситуација во која беше стрелецот на голот, Бесарт Ибраими: