Вардар ја победи Шкендија среде Тетово и се качи на првото место! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Вардар со гол од пенал на Бабунски ја победи Шкендија со 1-0 и се искачи на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Вардар осум години немаше победа над Шкендија, на таа црна серија конечно ѝ е ставен кран, скопскиот тим дојде до многу важни три бода.

Двете екипи имаа свои шанси и во првото полувреме, особено Шкендија кога имаше една тројна, но вардарци на чело со голманот Талески успеаа да се одбранат.

На почетокот од второто полувреме оправдано беше покажан пенал за Вардар поради игра со рака. Сигурен реализатор беше Давид Бабунски за водство на гостите од 1-0.

Во самиот финиш од мечот Шкендија се израдува на гол на Ибраими, но погодокот беше поништен поради офсајд.

Ова беше голема победа за Вардар над директен ривал за титулата. Тие сега имаат 24 бода и се први на табелата, пред Струга која има 23 и Силекс и Шкендија со 21.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×