Работнички против Македонија ЃП сака да ја прекине лошата серија, Струга брка три нови бода против Брера

by riste
2 минути читање

Дененска на програмата се два натпревари од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Работнички ја пречекува Македонија Ѓорче Петров, а Струга е домаќин на Брера.

Работнички нема победа на последните четири меча во ПМФЛ, на нив дури трипати загуби и одигра едно реми.

„Работнички нема друг избор, мора да почне да победува. Навистина потфрливме на стартот од првенството и паузата од тој аспект можеби беше и добредојдена за нас. Да се реорганизираме, да се подготвиме подобро и да тргнеме со нови сили – да остваруваме победи. Македонија ЃП е квалитетен тим, ги респектираме, но мотивирани сме максимално да излеземе на терен и да стигнеме до трите бода“, вели Михаил Димитриевски, дефанзивецот на Работнички.

Македонија Ѓорче Петров убедливо загуби од Струга во Купот на Македонија, но фудбалерот Али Адем вели дека сега сакаат со триумф да се вратат од Националната Арена.

„Мечот против Струга во Купот можам да го опишам во само два збора дека тоа беше само еден лош ден. Нема што тука премногу да се коментира. Вртиме нов лист, време е за меч против Работнички. Тим кој што гарантирам дека има далеку подобра екипа од она што во моментов тоа местото на табелата го покажува. На Арената секој сака да игра. Убав терен, услови како што секој посакува. Три бода мислам дека се логичен исход за нас. Не би бил искрен ако кажам дека ќе сум задоволен со помалку верувајте. Само треба да ги исполниме зададените задачи, да одиграме на нивото кое што и тоа како знаеме да го постигнеме. Да наметнеме наша игра, и мислам дека се ќе биде во ред. Со три бода да се вратиме среќни во Ѓорче Петров и да продолжиме понатаму во шампионатот“, изјави Али Адем.

Струга е домаќин на Брера, па на овој дуел се освен нивна победа би било големо изненадување.

„Натпреварот со АП Брера го очекуваме како и секој друг — со максимален фокус за да ја постигнеме целта, а тоа е победа. Сигурен сум дека ќе се бориме максимално за секој топка, без разлика кој ќе биде на терен. Секој фудбалер е подготвен да го даде најдоброто од себе и очекувам нова победа. Се разбира, имаме максимален респект за противникот АП Брера, тие сигурно нема лесно да се предадат. Но, ние сме подготвени за надигрување“, изјави Шабан Зенку.

Двата натпревари се играат со почеток од 14:30 часот.

ПМФЛ 10. коло:

Петок
Башкими – Шкупи 4-1
Тиквеш – Арсими 3-4
Сабота
Работнички – Македонија ЃП
Струга – Брера
Недела
Силекс – Пелистер
Понеделник
Шкендија – Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

×