Лидс ја продолжи агонијата на Вест Хем нанесувајќи им седми пораз во Премиер лигата

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Лидс Јунајтед се вратија на победите во Премиер лигата, откако дома го совладаа Вест Хем со 2-1 на отворањето на деветтата рунда.

Натпреварот на „Еланд Роуд“ беше решен уште на стартот, бидејќи бргу Лидс постигна два погодоци. Бренден Аронсон го отвори резултатот по само три минути игра, а на 2-0 зголеми Џо Родон веќе во 15. минута.

Успеа Вест Хем еднаш да ја стресе домашната мрежа во првиот дел преку Лукас Пакета, ама голот беше поништен поради недозволена позиција. Во продолжението Лидс беше подобар ривал, притискаше и правеше шанси, но не ги искористи и во финишот Вест Хем го ублажи поразот со голот на Матеус Фернандес во 90. минута.

Лидс стигна до 11 бода и се наоѓа на 13. позиција. Од друга страна Вест Хем има само четири, а ова беше дури седми пораз по девет кола. Ниту под водство на Нуно Еспирито Санто „чеканите“ не можат да фатат ритам и го запишаа четвртиот пораз со новиот тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×